|
OЕМУЦ “Св. Наум Охридски” е воспитно-образовна институција во која се школуваат ученици од електротехничката, машинската и сообраќајната струка од III, IV и V степен на стручна подготовка. Во своето повеќегодишно постоење и развој ЕМУЦ " Св. Наум Охридски " -Охрид бележи неколку фази: - Формирање на Центарот, во есента 1966 год. со 4 паралелки од металска струка, опфатени 140 ученици и 8 вработени во Центарот. - 1970/71 поради големиот интерес и потребите на охридското стопанство верифицирана е паралелка за машински техничари, а во 1973 и паралелки од трет и четврт степен од електротехничката струка, и со тоа се врши и промена на името од Металски во Електромашински Центар. Учебната 2006/07 Центарот има 27 паралелки, 591 ученици во електротехничката, машинската и сообраќајната струка и 65 вработени. Центарот е добитник на Седмоноемвриската награда во 1987 год.-највисоко признание на Охрид, а во 1990 година прогласен е за најуспешен Центар.
|